Дали Вашите вработени се задоволни на своето работно место?
Постојаното високо ниво на мотивираност на вработените е клучен фактор во развојот на позитивната работна средина во организацијата. Но, дали Вашите вработени се мотивирани и задоволни од работата?
Мерењето на задоволството на вработените се однесува на тоа колку се среќни вработените на нивното работно место и колку се задоволни од работната средина. Доколку е повисок моралот на вработените, тие повеќе ќе вложуваат во организацијата. Кога вработените се среќни и задоволни веројатно е дека ќе даваат повеќе, побрзо и полесно ќе ги извршуваат своите работни задачи, ќе имаат помалку отсуства од работата и ќе ѝ бидат лојални на компанијата.
Корисно е да го измерите задоволството кај своите вработени и да имате увид на нивниот севкупен впечаток. Да дознаете што е она што на вработените не им се допаѓа или од што не се задоволни во комуникацискиот процес, во пренесувањето на информациите, организирањето на работните задачи и сè она што во голема мера можеби ги попречува вработените во остварување на својата работна изведба, а сè уште го немате согледано.
Како го правиме тоа?
- Спроведуваме истражување за задоволство од работата кај вработените во Вашата организација и нивниот однос кон секојдневните работни активности
- Прашалникот специјално е изработен за потребите на Вашата организација
- Добиените резултати Ви ги претставуваме со што добивате и сугестии за креирање на модел за мотивирање на вработените во Вашата организација.
Што добивате?
- Ја откривате објективната слика за задоволството на вработените од секојдневните работни задачи, односно каква е перцепцијата на вработените, што на нив им е важно во секојдневното работење
- Дознавате колку вработените се задоволни со различни аспекти во работењето
- Добивате претстава за работното окружување, работната средина и климата во организацијата, односно како вработените ја доживуваат организацијата
- Добивате претстава за комуникациските и меѓучовечките односи во рамки на организацијата, односно комуникацијата со колегите, подредените и надредените
- Добива сугестии, предлози и идеи од вработените за можни промени и начини на подобрување на работните процеси
- Ги согледате евентуалните проблеми и недоразбирања, при што може брзо и ефективно да делувате на одредени промени сè со цел да се подобри работната клима во организацијата
- Добиените резултати се одличен извор за идентификување на поединечни пристапи за нематеријално мотивирање на вработените што придонесува кон задржување на вработените во Вашата организацијата
“Менаџментот претставува и справување со различни типови на луѓе.“
- Peter Drucker




