Покана за I HR Forum во Македонија:

Моќен развој на компаниите преку развој на вработените


Со задоволство Ве покануваме на Првиот HR форум во Скопје, на кој еден од најуспешните говорници – HR практичари на денешницата, Tim Ringo, човекот кој раководи со HR системите на IBM, ќе ги сподели тајните на успешниот модел за стратешко управување со перформанс ата на човечкиот капитал, оптимизирање на работните процеси и зголемување на продуктивноста и профитабилноста на компаниите.

Моќниот развој на компаниите почнува и завршува со главниот двигател на сите корпоративни процеси – човечките ресурси. На форумот во организација на Triple S Learning и Humanopolis, на кој ќе се сретнат водечките HR професионалци и директори од Македонија, тројца докажани HR експерти ќе понудат одговори и решенија на најчестите предизвици со кои секојдневно се среќаваат менаџерите: привлекување и развивање на талентот и знаењето на вработените и негово преточување во пари; врската меѓу менаџирање на талентот во компаниите со зголемен финансиски прилив; мотивирање и одржување на нивото на ангажираност на вработените; инспирирање и одржување на задоволството на вработените.

Најпрофитабилните светски компании користат уникатни тактики и техники за менаџирање на човечките ресурси и градење и развивање на човечкиот капитал, како моќен и незаменлив ресурс на компанијата. Постои силна поврзаност помеѓу нивото на задоволство на вработените во компанијата со финансискиот успех на истата. Високиот перформанс и продуктивност на вработените во ниедна компанија не се случајни! Најмоќните и најпрофитабилни корпорации во светот, и нивните HR сектори постојано посветуваат огромно внимание на HR димензијата на нивното работење, што го утврдиле како основен предуслов за опстанок и прогрес во денешната динамична бизнис средина. На првиот HR форум учесниците меѓу другото ќе имаат и можност да се запознаат со примерите на два гиганти: IBM, преку предавањето на Tim Ringo, HR директор и Karlovačka Pivara (Heineken group), преку предавањето на Dijana Klekar, HR директор.



Бидете дел од највпечатливиот HR настан оваа сезона!


Дознајте како да придонесете за развојот и профитабилноста на Вашите компании преку ефективно менаџирање на човечкиот капитал. Слушнете ги тактиките и тајните на менаџирање на човечките ресурси од два од најголемите светски корпоративни гиганти! На првиот HR форум ќе слушнете идеи кои ќе ја унапредат продуктивноста на Вашиот сектор и целокупниот раѕвој на компанијата.

Време: 12 Март 2010 г., 09:00 - 17:00 часот

Локација: Конгресен Бизнис Центар – Скопски Саем


ЗА КОГО Е НАМЕНЕТ:

  • HR менаџери и професионалци
  • Менаџери и директори на компании
  • Тренери и консултанти
  • Менаџери за развој
  • Претприемачи од мали и средни претпријатија
  • За сите оние кои се ориентирани кон раст и резултати и кои сакаат да ги остварат и надминат своите годишни планови.


Говорници


Tim Ringo – HR директор на IBM

Tim Ringo е глобален лидер на секторот за човечки ресурси на IBM, чија одговорност е менаџирање и менторирање на над 2000 HR професионалци ширум светот, чија задача е да ги имплементираат креираните HR стратегии, процедури и технологии, со цел да го унапредат целокупното работење во компанијата. Се јавува како колумнист во The New York Times , Wall Street Journal, Financial Times, The Spectator. Тој е редовен говорник на конференции во Кина , Индија, УСА, Европа. Неговата прва книга “Calculating Success” ќе биде издадена од Harvard Business Press.




Dijana Klekar – HR директор на Karlovačka Pivara, Heineken group

Dijana Klekar e HR професионалец со 20 годишно работно искуство, која кариерата ја развивала во финансискиот сектор, во една од најголемите нафтени компании во светот, а моментално работи како HR директор на Karlovačka Pivara, членка на Heineken групацијата. Таа е еден од најпризнатите HR професионалци во регионот и редовен говорник на интернационалните HR конференции.




Смиљка Шошкоска – HR консултант

Смиљка Шошкоска е истакнат HR консултант во Triple S Learning, која одржала обуки и консултантски услуги од областа на човечките ресурси на повеќе врвни фирми од Македонија. Нејзината специјалност се темели на мотивирање на вработените, мерење на перформансата кај вработените, како и конфликт и стрес менаџмент. Редовен колумнист е во дневниот весник Бизнис.







ПРОГРАМА

"I HR Forum – Моќен развој на компаниите преку развој на вработените"

09:00 – 09:30 Регистрација на гостите
09:30 – 09:45 Отворање на настанот
09:45 – 11:00 Можности за корпоративен успех кои лежат во менаџирање на талентот на вработените, Тим Ринго – HR директор на IBM
11:00 – 11:30 Кафе пауза
11:30 – 12:30 Креирање на продуктивна работна сила, Тим Ринго – HR директор на IBM
12:30 – 13:30 Ручек и Networking event
13:30 – 14:45 Важноста на задоволството на вработените, Смиљка Шошкоска – HR консултант
14:45 – 15:15 Кафе пауза
15:15 – 16:30 Како да ги привлечете, задржите и инволвирате вработените, Дијана Клекар, HR директор, Karlovačka Pivara



Цени на влезници
Регуларна котизација VIP котизација
10.500 ден. 13.500 ден.
  • Учество на целодневната програма на
    I HR Forum
  • Сертификат
  • Работни Материјали
  • Обезбеден ручек и освежување
  • Учество на целодневната програма на I HR Forum со место за седење во првите редови
  • Сертификат
  • Учество на VIP networking ручекот
  • Работни материјали
  • Специјализирана HR литература

*  Во цените не е пресметан ДДВ од 18%

Резервирајте повеќе влезниици и добијте попуст!

** За купени 2 влезници следува попуст од 10%
    За купени 4 влезници следува попуст од 20%

 

За дополнителни прашања и информации контактирајте не на rezervacii@hr.com.mk или 02/ 5208 826.

 








     



Активни огласи
Мудрости

“Менаџментот претставува и справување со различни типови на луѓе.“

- Peter Drucker