Процесот пребарување на кадри започнува со регрутирање, односно со привлекување на потенцијалните кандидати. Целта на Triple S Recruitment е да ги привлече најквалитетните кандидати, односно да ги идентификува најдобрите кои што ќе може да ги препорача за сите работни позиции кои што ќе бидат побарани од нашите клиенти.
Наши клиенти се најразлични македонски и меѓународни организации. Ни веруваат дека секогаш ќе им излеземе во пресрет и дека ќе ги исполниме нивните очекувања со пополнување на најразлични барани позиции.
Пред сè, нашите клиенти нè доживуваат како партнери, што нас ни овозможува да ја дознаеме природата на нивното делување и нивните стратегиски цели, а со тоа поефикасно да ги исполниме нивните очекувања. Ги регрутирам токму оние поединци кои што најмногу одговараат за бараната позиција и кои што брзо би се вклопиле во новата организациска култура и лесно би ги прифатиле организациските вредности.
Имаме наша база на кандидати која што претставува составен дел од нашето работење. Оттаму, директно ги добиваме информациите за професијата на кандидатите, нивните минати искуства, како и вештините кои што ги имаат стекнато. Покрај базата, Triple S Recruitment во процесот на регрутирање привлекува кандидати од различен вид на други извори, како што е огласување, ја користиме нашата мрежа на контакти, како и преку Headhunting.
Нашата цел е на своите клиенти да им доставиме квалитетни потенцијални кандидати кои што ќе бидат во согласност со нивните барања и потреби.
“Менаџментот претставува и справување со различни типови на луѓе.“
- Peter Drucker




