Исклучителен важен чекор во процесот на вклучување на човечкиот капитал во организацијата е селекцијата на кандидатите кои што аплицирале за слободното работно место. Triple S Recruitment процесот на селекција на кадрите го започнува со:

  • Детално прегледување на доставените лични биографии, како и базата на кандидати на Triple S Recruitment и креирање на листа на потенцијални кандидати
  • Кратко телефонско интервју со потенцијалните кандидати од листата
  • Индивидуално интервју со секој кандидат каде што се проценуваат неговите вештини, знаења, досегашните работни постигнувања
  • Употреба на психолошки тестови во процесот на проценка на кандидатите
  • Креирање на кратка листа, 3 до 5 кандидати која што ја доставуваме до нашиот клиент

 

Техники кои што Triple S Recruitment ги користи во процесот на селекција на кадри:

  • Индивидуална ситуациона проценка – се користи како можност да се процени начинот на размислување, како и креативниот и иновативен пристап на кандидатот во решавањето на секојдневните проблеми со кои што може да се соочи на работното место
  • Ситуационите тестови со кои што не се утврдуваат теоретските знаења кои што ги поседуваат кандидатите, туку способноста на кој начин нешто да се сработи. Односно, стекнатите знаења, теорија и пракса да се применат во одредени раководни, менаџерски ситуации.
  • Групна дискусија – наменета за кандидати кои што се влезени во потесниот круг на избор. Целта е да се процени начинот на размислување, пристапот за решавање на проблемите на кандидатите, како и способноста да го наметнат своето мислење или да прифатат туѓо мислење.

 

Активни огласи
Мудрости

“Менаџментот претставува и справување со различни типови на луѓе.“

- Peter Drucker