Дозволете Вашата организација да се фокусира на спроведување на стратегијата, да се фокусирате на она што го работите најдобро....
Денес организациите се соочуваат со големи проблеми при наоѓањето на вистинските кадри за својата организација.
Дозволете Triple S Recruitment да ја направи регрутацијата и селекцијата на најсоодветните кадри за Вашата организација, а Вие посветете се на спроведување на Вашите бизнис процеси.
Регрутацијата и селекцијата на кадри е важна функција на секоја компанија, а процесот на регрутирање е првиот чекор кој води кон креирање на конкурентска предност и стратешка предност за самата организација. Процесот на регрутирање претставува систематска процедура – од пронаоѓање на кандидати, до организирање и спроведување на интервјуа, што бара интензивно вложување на ресурси и време. Генералниот процес на регрутација ги подразбира следниве фази:
ФАЗА 1: Анализа и утврдување на квалификации
- Анализа на работното место и дефинирање на работни задачи и одговорности
- Утврдување на потребни квалификации, особини и карактеристики
ФАЗА 2: Регрутација на кадри
- Користење на базата на кандидати на Triple S Recruitment
- Подготовка на оглас и огласување на половина страна во еден од најтиражните дневни весници во Р. Македонија
- Користење на интерни контакти
ФАЗА 3: Селекција на кадри
- Анализа на биографии телефонски интервјуа со оние кандидати кои што одговараат на бараниот профил
- Прелиминарно интервју со секој кој одговара на бараниот профил
- Селективно интервју и подготовка на кратка листа со потенцијални кандидати за бараното место
- Психолошки тестови за определување на карактерни особини
- Изработка на профил на личноста и писмен извештај за секој кандидат поединечно
Знаејќи што е најдобро за една компанија во процесот на оптимизирање на човечките ресурси, односно осигурување дека избраните кандидати ги имаат неопходните деловни вештини, Triple S Recruitment како додадена вредност за клиентот, во рамки на целиот процес на селекција дополнително вклучува и обука за селектираните кадри:
ФАЗА 4: Спроведување на обука на избраниот кандидат
- Спроведување на обука во Triple S Learning согласно потребите на работната позиција
“Менаџментот претставува и справување со различни типови на луѓе.“
- Peter Drucker




