Психолошка проценка


Психолошкото тестирање овозможува да се добие потполна слика за вработениот или потенцијалниот кандидат, при што постои можност да се проверат детали за личноста коишто можат само да се насетат и во голема мера се субјективен впечаток.

Информациите добиени со психолошките тестови можат да Ви помогнат во донесувањето на одредена одлука за вработениот или за идниот вработен, усовршувањето како и кариерниот развој на вработениот.

Психолошката проценка ја евалвира информацијата којашто ја дава личноста и се состои од комбинација на употреба на одредени психолошки тестови и интервјуа коишто психологот ги врши со вработениот.

Психолошките анализи помагаат да се дознае внатрешното ЈАС кај вработениот. Дава можност да се разгледа поинаков начин на согледување на личните карактерни особини, како и одредени идеи коишто даваат насока каде би можел секој човек поединечно да поработи за да го промени сопственото однесување, сè со цел на соодветен начин да се прилагоди во секојдневниот процес на комуникација и извршување на своите работни задачи.

Добиените резултати му помагаат на работодавецот да дознае нешто повеќе за својот вработен или потенцијален кандидат кој може да биде вработен. Со помош на психолошката проценка се дознаваат генералните карактерни особини на личноста, како и личните карактеристики коишто се специфични за конкретното лице.

Психолошката проценка не презентира резултати коишто ги дели луѓето на категории. Односно, не прави категоризирање на луѓето на добри – лоши, ниту пак на било кој начин ги рангира, едноставно само постојат различни луѓе.

Информациите коишто ќе се добијат претставуваат „природен стил на однесување“ на личноста. Всушност е стил на однесување за која личноста не употребува преголема концентрација при однесувањето коешто е пријатно за личноста.

Активни огласи
Мудрости

“Менаџментот претставува и справување со различни типови на луѓе.“

- Peter Drucker