Triple S Recruitment започнува со потрага на компаниите кои применуваат најдобри пракси во управувањето на човечкиот капитал и за првпат во Република Македонија спроведува истражување за избор на Најдобар Работодавач 2010®.

Целта на истражувањето е да се измери задоволството на вработените во организациите, односно колку вработените се задоволни од севкупните работни услови и според тоа, да се избере најдобриот работодавач во Македонија.



Дознајте:
  • Каква е објективната слика за задоволството на вработените од секојдневните работни задачи, односно каква е перцепцијата на вработените, што на нив им е важно во секојдневното работење
  • Колку вработените се задоволни со различни аспекти во работењето
  • Какво е работното опкружување, работната средина и климата во организацијата, односно како вработените ја доживуваат организацијата
  • Каква е комуникацијата и меѓучовечките односи во рамки на организацијата, односно комуникацијата со колегите, подредените и претпоставените

Вработените анонимно го пополнуваат прашалникот, при што одговараат на низа прашања поделени во 15 категории:


Проценка на познавањето на мисијата и целите на организацијата Добивање на соодветна повратна информација
Посветеноста на организацијата Праведноста во организацијата
Квалитетот и фокусот на организацијата Компензацијата што ја добива вработениот
Комуникациските текови во организацијата Вклученост на вработените
Можност за развој на вработените во организацијата Преземање на одговорност
Почит кон менаџментот Тимска работа во организацијата
Почит кон вработените Работната околина и работните ресурси
Стресот и обемот на работа  


Право на учество имаат сите компании во Република Македонија, а изборот на најдобриот работодавач ќе биде спроведен во две категории:


I  категорија Организации со помалку од 100 вработени
II категорија Организации со повеќе   од 100 вработени


На крајот од истражувањето ќе бидат објавени трите најдобри организации од I категорија и трите најдобри од II категорија.


Секоја организација којашто ќе учествува во истражувањето добива:
  • Основна анализа за севкупното задоволство на вработените
  • Потврда за учество во истражувањето Најдобар Работодавач 2010®.
  • Споредба со други работодавачи (две компании од Ваш интерес)


Трите најдобро пласирани од првата и втората категорија добиваат:
  • Можност за користење на логото Најдобар Работодавач 2010®.
  • Истакнување на организацијата во брошурата Најдобар Работодавач 2010®.
  • Истакнување на наградата во објава за медиуми и во огласи по завршувањето на проектот
  • Дополнителна анализа на резултатите по категории, сектори, демографски карактеристики



Котизацијата за учество во истражувањето изнесува*:
12.000 ден + ДДВ  за организации со помалку од 100 вработени
24.000 ден + ДДВ  за организации со повеќе од 100 вработени

*  Организациите со помалку од 20 вработени не се вклучени во изборот, но добиваат бесплатна основна анализа на задоволството на вработените.

  • Пријавувањето на организациите е до 15 мај, 2010 година.
  • Истражувањето ќе се спроведува во период од 1 мај до 30 јуни, 2010 година.
  • Прогласувањето на победниците ќе се одржи во септември, 2010 година.

За дополнителни информации контактирајте нè на 3112 048 или contact@hr.com.mk



Активни огласи
Мудрости

“Менаџментот претставува и справување со различни типови на луѓе.“

- Peter Drucker