HR обуки


Искористете ја можноста да стекнете дополнително знаење од областа на човечките ресурси. Дознајте на кој начин можете да ги активирате Вашите вработени, како да постигнуваат подобри резултати. Дознајте како да ја подобрите нивната перформанса и на кој начин да ја поттикнете нивната мотивација за работа.

 

Мерење на перформансата на вработените

Најзначајната корист од проценката на перформансата е подобрувањето на секојдневниот начин на работење. Нуди можност претпоставениот и вработениот да имаат време за дискусија „еден на еден“ за значајните работни проблеми за кои во спротивно не би се посветило внимание. Кога проценката на перформансата се спроведува на соодветен начин, и вработениот и претпоставениот потврдуваат дека имаат позитивно и корисно искуство од сето тоа. Дали Вашите вработени знаат на кој начин ги извршуваат своите работни задачи?

Запознајте се со важноста на едно вакво мерење и уделот на процесот на проценка на перформансата во успешното работење на компанијата. Измерете го и унапредете го перформансот...... повеќе

 

Мотивирање на вработените

Вработените се оние коишто се во самиот процес на исполнување на организациската стратегија. И една од обврските на менаџерите е токму исполнување на стратегијата преку своите вработени. За да се оствари тоа, менаџерите треба да имаат во предвид дека вработените треба да бидат мотивирани, односно да се способни да ги мотивираат вработените. Но, дали е тоа лесно да се направи? Што е она што ги мотивира вработените?

Разберете ја мотивацијата и откријте ја вистинската стратегија за успех. Научете како да ги избегнете мотивационите грешки и митови и поттикнете ја самомотивацијата кај Вашите вработени..... повеќе

 

Стрес и конфликт менаџмент

Проблемите и конфликтите се дел од работното секојдневие, прашање е дали секогаш се избира идеалниот начин за решавање на истите. Вработените го чувствуваат работниот ден како напорен. Дополнително се оптоварени со различни притисоци и рокови. Тие се под СТРЕС.

Поинаков е начинот на размислување, намален е балансот на емоциите, раздразливи се и лесно влетуваат во расправии, конфликтите се неизбежни...

Дознајте како да ги оптимизирате овие психолошки процеси..... повеќе

Активни огласи
Мудрости

“Менаџментот претставува и справување со различни типови на луѓе.“

- Peter Drucker