360° фидбек му помага на вработениот да ги процени и развие своите компетенции со тоа што добива фидбек од луѓе кои што го познаваат и имале можност да го набљудуваат неговото однесување на работното место (во реални ситуации).

  • 360° фидбек му дава можност на вработениот да ја подобри и да ја развие својата кариера со тоа што добива информации кои што ќе му бидат од корист во понатамошното работење
  • може да се користи како дел од процесот на идентификување на потребите за тренинг на вработените и нивниот понатамошен развој
  • при планирањето на кариерата на вработениот добива информација за компетенциите кои што ги поседува и добива слика каде би можел понатаму да се развива.

 

Што не е...

  • не е психометриска алатка или тест за личност. Се проценува само однесувањето. Што лицето прави во одредени ситуации
  • НЕ ТРЕБА да се употребува за наградување или унапредување. Едноставно ова е систем кој му помага на вработениот во неговиот личен и професионален развој. Употребата за наградување може да претставува притисок за оние кои ќе бидат вклучени во проценката што во голема мера може да влијае на нивните искрени одговори
  • оваа проценка може да биде ефективна само доколку сериозно се сфатат резултатите добиени за вработениот и дека одговорите на оние кои ја правеле проценката се оригинални и претставуваат помош за понатамошниот развој на вработениот
  • за проценката да биде веродостојна треба да постои отвореност и искреност и важно е да им се нагласи на проценувачите да бидат искрени и да ја кажат вистината дури и доколку мислат дека на проценуваниот вработен нема да му се допадне.

360° фидбек е инструмент за повеќестепено истражување при што се добиваат информации од колегите, подредени, надредени кои што ја проценуваат ефективноста на вработениот.
360° фидбек е метод за проценка кој може да ги подобри човечките ресурси во организацијата преку идентификување на личните потреби за развој, подобрена тимска работа и подобар кариерен развој. Крајниот резултат вклучува подобрување на бизнис процесите од страна на вработените и секако услугата кон клиентите. Кога претпоставените ги евалвираат своите вработени често пати е многу тешко да се даде точен фидбек за вработениот. Често се случува на вработениот да му биде кажано она што сака да го слушне, а не она што треба да го слушне за своето однесување на работното место. Ваквиот вид на проценка помага затоа што доаѓа од повеќе извори и пред сè е анонимно, што во голема мера влијае на искреноста на проценувачите.

Што добива вработениот:

  • Овој процес му помага на вработениот да разбере како останатите гледаат на него
  • Се добива поголема свесност за јаките страни и за потребите за развој
  • Помалку е субјективен отколку само проценката на претпоставениот
  • Претставува катализатор за подобрување на перформансата
  • Го забрзува развојот кај вработениот со тоа што креира фокус за одредени клучни области
  • Претставува моќна алатка за кариерен развој на вработениот
  • Се истакнуваат потребите за личен развој
  • Фидбекот идентификува можности за подобрување
  • Личноста подобро може да управува со својата кариера и перформанса

Корист за тимот:

  • Ја подобрува комуникацијата помеѓу членовите на тимот
  • Ја поддржува тимската работа со тоа што ги вклучува членовите на тимот во развојниот процес

Корист за компанијата:

  • Подобар кариерен развој за вработените
  • Ја подобрува услугата кон клиентите со тоа што и тие имаат можност да бидат вклучени во проценката на проценуваниот вработен
  • Можност да се одредат членови на тимот со одредени јаки страни (што може да биде клучно и да помогне во подобрување на изведбата кај членовите на тимот)
  • Подобро планирање на потребните обуки во организацијата, како и планирање и користење на буџетот наменет за обуки за вработените.

Се добива конкретна проценка за однесувањето на вработениот во неговото секојдневно работење. 360° фидбек се базира на мерење на компетенциите на вработените и тоа оние кои што се важни, клучни за успех во конкретни работни ситуации. Овој начин на проценка е различен од сите останати инструменти за мерење на однесувањето, каде што се базираат само на сопствената перцепција на вработениот како се однесува во одредени ситуации. Во 360° фидбек вклучена е перцепцијата на повеќе луѓе како и сопствената проценка на вработениот. Токму заради тоа 360° фидбек е моќна алатка и не треба да се игнорира.

Претставува систем или процес каде што вработените добиваат доверлив, анонимен фидбек од луѓето со кои што работат. Најчесто се вклучени неговиот претпоставен, колегите, негови подредени и самиот вработен се проценува. Комбинација од 8 до 12 лица анонимно пополнуваат прашалник за компетенциите на проценуваниот.

Што мери 360° фидбек

  • ги мери однесувањата и компетенциите
  • дава фидбек на тоа како другите го согледуваат вработениот
  • става акцент на вештините како што се слушање, планирање, поставување на цели
  • се фокусира на тимската работа, карактерот и ефективното водство

Што не мери 360° фидбек

  • не е начин за мерење на перформансата ???
  • не определува дали вработениот ги исполнува основните барања за работата
  • не се фокусира на основните работни вештини
  • не треба да се користи за да се мерат конкретни работи како што е исполнување на продажни квоти, присутност...
Активни огласи
Мудрости

“Менаџментот претставува и справување со различни типови на луѓе.“

- Peter Drucker